Вчера уапсени 8 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

t

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол.

Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера уапсени 8 возачи поради возење без…

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…

Канада официјално се приклучи на програмата на…

Министерот за одбрана Дејвид Мекгинти вели дека…

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на…

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во…

Некој меѓу нас не е наш: Првиот…

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја…

Скопјанец шест дена докажувал дека не направил…

Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на…