В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада пред Цементарница: Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на 25-ти декември во 18 часот пред Цементарата „Усје“ најавуваат блокада и ги повикуваат граѓаните на протестен собир со порака дека „воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“.
Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, Цементара „Усје“ е идентификувана како еден од најголемите извори на загадување од ПМ2.5 честички, рангирана меѓу првите 10 отсто емитери на глобално ниво.
Како што наведуваат од Иницијативата, податоците на апликацијата со вештачка интелигенција Climate TRACE, базирани на сателитско следење и моделирање на индустриските емисии, покажуваат јасни облаци од ПМ2.5 честички кои се движат директно кон Скопје, што, според нив, укажува на значително влијание врз квалитетот на воздухот во градот.
Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека во македонската регулатива сè уште не е утврден дневен лимит за ПМ2.5 честичките, иако тие се значително поопасни по здравјето од ПМ10. За ПM10 честичките, согласно правилникот на Министерството за животна средина, дозволено е надминување на граничните вредности најмногу 35 дена во текот на една година.
Дополнително, оттаму додадоа дека според Светската здравствена организација (СЗО), доколку ПM10 или ПМ2.5 ја надминат дневната дозволена вредност повеќе од три до четири дена годишно, воздухот се смета за потенцијално штетен за здравјето на луѓето — состојба која, како што велат од иницијативата, во Скопје се јавува многу почесто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада…
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на…
Скопје и утрово втор најзагаден град во…
Според подататоците на IQAir, Скопје и утрово…
Маж во Скопје пробал да се самоубие…
Од МВР известуваат дека денеска бил пронајден…
Скопје утрово втор најзагаден град во Европа
Сараево утрово се најде на самиот врв…
Скопје трет најзагаден град во светот!
Скопје денес на трето место на листата…