Вeнс: Нуклеарните тестирања се клучни за безбедноста на САД
Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од суштинско значење за одржување на националната безбедност, изјави во четвртокот американскиот потпретседател Џej Ди Венс, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на војската да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје за прв пат по 33 години.
„Важен дел од националната безбедност на САД е да се осигураме дека нашиот нуклеарен арсенал всушност работи правилно“, изјави Венс пред новинарите пред Белата куќа, објави Ројтерс.
Венс додаде дека администрацијата знае дека постојниот арсенал „работи правилно“, но дека треба да се проверува и одржува со текот на времето.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека САД ќе продолжат со тестирањето на нуклеарно оружје по пауза од три децении и дека „поради програмите за тестирање на другите земји“, тој му наредил на Министерството за војна да започне со тестирање на американското нуклеарно оружје „на рамноправна основа“.
Во објава на платформата Truth, кратко пред средбата, лице в лице со кинескиот претседател Си Џинпинг во Бусан, Јужна Кореја, Трамп рече дека „овој процес ќе започне веднаш“, без да прецизира каков вид тестирање на нуклеарно оружје ќе се спроведе, објави Танјуг.
Трамп истакна дека Соединетите Американски Држави имаат повеќе нуклеарни боеви глави од која било друга земја, откако ја презеде заслугата за „целосно ажурирање и реновирање на нашиот постоечки арсенал“ за време на неговиот прв мандат.
Тој рече дека Русија има втор најголем број нуклеарни боеви глави во светот, а дека Кина е „далечно трета, но ќе биде изедначена во рок од пет години“.
„Поради огромната деструктивна моќ на нуклеарното оружје, мразев да го направам тоа, но немав избор“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вeнс: Нуклеарните тестирања се клучни за безбедноста…
Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од…
Филипче: Барам максимална поддршка за кандидатите на…
Барам максимална поддршка за кандидатите на СДСМ…
Битиќи: Глувците во Скопје се слика за…
Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ…
Обвинение за обид за изнуда и загрозување…
Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и…
Хелсиншки комитет: Најостро реагираме на сѐ почестите…
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира…