Вocпитна од Холандија: Да не сме правеле дpaма со Бугарија ни порача амбасадорот
Според него, притисокот врз Бугарија во последно време расте, но ситуацијата сè уште не треба да се претвори во драма.
Амбасадорот на Холандија во Скопје Дирк Јан Коп вели дека спорот на Македонија со Бугарија е мала пречка на патот на земјата кон ЕУ. Тој го коментираше односот помеѓу Македонија и Бугарија во емисијата „Трилинг“.
„Стана сосема јасно дека Бугарија стави вето на Македонија. Никој не ја дели нејзината позиција. 26 земји-членки мислат дека Македонија е подготвена да започне со преговорите со ЕУ“, коментира тој
Според него, притисокот врз Бугарија во последно време расте, но ситуацијата сè уште не треба да се претвори во драма.
„Според мене, тешкотиите со Бугарија се мала пречка на патот кон ЕУ и тоа нема ефект врз домашната задача што секоја земја треба да ја напише. Сè уште мислам дека не треба да има драма околу Бугарија. Овој проблем ќе биде решен еден ден“, додаде Коп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…