Објавено на:

Габриел предлага експертска влада во Бугарија: Ќе постигнеме договор со другите партии

t

Во последните неколку дена се мачев да одговорам на две прашања. Дали на Бугарија и треба експертска влада? Одговорот е убедливо да. Второто прашање беше дали ќе се разбереме со другите со парламентарните партии. Одговорот е повторно да. Сега се поставува прашањето за формата на оваа влада.

Ова на брифинг го изјави кандидатот за премиер на Бугарија од ГЕРБ – СДС, Марија Габриел.

„За мене приоритет е Бугарија. Утре наутро ќе предложам разговорите да продолжат. Оваа влада треба да биде експертска, со хоризонт од една година и јасни приоритети. Оваа влада ќе го исклучи зборот коалиција и ќе биде експертска со јасни и прецизни приоритети.Утре ќе го оствариме првиот разговор БСП, бидејќи со нив имаме најголеми разлики“, откри таа.

„Ќе разговараме со сите. Така треба да ги предлагаат работите. Мораме да одиме напред. Владата ќе биде полна со експерти и со јасен хоризонт на дејствување, како и со јасно дефинирани приоритети. Го почитувам „Преродба“ и народот кој гласа за нив, но ние имаме премногу разлики со нив и нема шанси да постигнеме заеднички приоритети. Тоа се вика парламентарна демократија.Треба да ги смириме стравовите на луѓето.Ова е целта – експертска влада со луѓе кои ќе донесат јасни обврски и рокови. Со мене не се водени разговори за имиња и министерства. Дали имаме заеднички приоритети – да. Дали ни треба експертска влада – да“, категорична беше таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…