Гави стана најмладиот фудбалер во репрезентацијата на Шпанија

t

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, повикан во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар, стана најмладиот фудбалер во историјата на националниот тим кој ќе учествува на Мундијал, објави „Марка“.

Претходниот рекордер беше Сеск Фабрегас, кој беше повикан на Светското првенство во Германија во 2006 година еден месец по неговиот 19-ти роденден.

Осумнаесетгодишниот Гави се приклучи на Барселона во 2021 година. Неговиот сегашен договор со клубот, кој го обнови во септември, трае до 2026 година.

Во сезоната 2022/23, шпанскиот играч од средниот ред забележа 14 настапи за тимот предводен од Чави во шпанското првенство. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…