Газа остана без интернет, фиксна и мобилна телефонија
Интернетот, фиксната и мобилната телефонија од вечерва се во прекин во Појасот Газа по интензивно израелско бомбардирање.
Претходно, израелската војска објави дека ги „проширува“ копнените операции, сигнализирајќи дека наскоро може да започне копнена инвазија врз Појасот Газа.Црвената полумесечина соопшти дека изгубила секаков контакт со седиштето и медицинските тимови. Тие исто така изјавија дека стравуваат дека луѓето повеќе нема да можат да контактираат со итните служби.
И други хуманитарни организации известуваат дека не можат да контактираат со својот персонал на терен.Палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“ најави „целосен прекин на сите комуникациски и интернет услуги“ поради бомбардирањето.– Во изминатите неколку часа ги засиливме нападите врз Газа. Военовоздухопловните сили силно напаѓаат подземни цели и терористичка инфраструктура, во големи размери, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.
Израел распореди стотици илјади војници долж границата со Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против милитантната група Хамас.Претходно Хамас го повикува светот „веднаш да дејствува“ и да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа.Ги повикуваме арапските и муслиманските земји и меѓународната заедница да преземат одговорност и веднаш да дејствуваат за да ги запрат злосторствата и серијата масакри врз нашиот народ, се наведува во соопштението на Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Трамп: Да бев претседател, немаше да има…
Она на што сме сведоци во Израел…