Газдата на „Дурмо турс“ пак побарал да не оди во затвор, денеска е на операција
Газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули осуден на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци, кој денеска требаше да оди на издржување на затворската казна во затворот „Идризово“ пак побарал одложување на извршувањето на казната со образложение дека баш денеска е на операција.
Од Кривичниот суд во Гостивар за „Слободен печат“ велат дека Белули во петокот поднел барање за одложување на извршувањето на казната со болнички упат.
– Наводно на 28 ноември почнал со болничко лекување и за денеска има закажано операција. Ќе одиме денеска во болницата да видиме дали се точни наводите во барањето, доказите, болничкиот упат, дека денеска е на операција – велат од гостиварскиот суд.