Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

t

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух за сериозен исчекор, особено во унапредување на социјалниот дијалог, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој денеска изјави дека продуктивноста на работниците, на која често се жалат работодавачите, треба да се таргетира само преку една работа – зголемување на платите, пренесе ТВ „24“.

Според Трендафилов, работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, следствено на тоа и продуктивноста е резултат на ниските примања, а немањето слух за повисоки плати задира директно во севкупната економија која треба да е резултат на продуктивноста на работникот.

„Формулата за минимална плата можеби била добра кога се носел законот, но во иднина треба многу повеќе да се земат предвид економските параметри“, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Според него, минималната плата не треба да биде предизвик, туку тоа треба да биде покачувањето на сите плати со зголемувањето на продуктивноста а со тоа да оди и развојот на економскиот раст и развој на државата.

„Продуктивноста на нашите работници 50 отсто од онаа во ЕУ, на еден европски вработен потребни се двајца наши вработени“, вели претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска. Таа додаде дека тоа не е проблем само на работниците, туку и на компаниите. По однос на минималната плата, Трајковска вели тоа не треба да биде предмет на дискусија, но потсетува дека постои закон кој сите страни мора да го почитуваат.

На националната конференција по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи беше посочено и дека ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдите се жалат дека работниците не се…

Македонија е една од државите во регионот…

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на…

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин…

(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…

Денес по повод 1 Мај, Денот на…

(Во живо) Работниците им свртеа грб на…

Овие се на одмор додека ние протестираме,…

Синдикатот на културата утре ќе одлучи дали…

Советот на Синдикатот на културата на Република…