Галант се закани: Одговорот на Израел за нападите од Иран ќе биде смртоносен
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, се закани дека нивниот следен напад врз Иран ќе биде смртоносен, откако министерот го одложи планираното патување во Вашингтон и само неколку часа по телефонскиот разговор меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден.
Kако што соопштиja од Белата куќа, во телефонскиот разговор се зборувало за идниот израелски напад врз Иран, како одговор за неодамешниот ракетен бараж на Техеран врз Израел.
Времето кога ќе се случи и опсегот на израелската одмазда кон Техеран остануваат непознати. Погрешна проценка, би можела да доведе до тотална војна меѓу Израел и Иран, нешто што и двете страни велат дека не го сакаат.
Администрацијата на Бајден сака да има увид во плановите на Израел и да избегне изненадувања како што беше ликвидацијата на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, за која како што објави Волстрит журнал Тел Авив досега одбивал да сподели детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…