Галичани бараат помош за да се справат со мечките кои се непоканети гости во селото
Мечки и мечиња станаа домаќини во Галичник, шетаат како газди низ селото, а жителите се исплашени
Месна заедица Галичник апелира до надлежните да им дадат насоки за делување, бидејќи не знаат како да се справат со непоканетит гости, мечки и мечиња во селото.
-Повеќе пати официјално се обраќаме до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, информираат од Галичник.
Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…