„Гаспром“ испадна од топ 100 најпрофитабилни руски компании
„Гаспром“ повеќе не е најпрофитабилната руска компанија, уште полошо – не наоѓа место ниту меѓу првите 100. Ова го открива руското издание на Форбс, кое објави рангирање на големите претпријатија за 2023 година по нето добивка. Во претходниот рејтинг – за 2022 година, гасниот титан беше во водство, објави „Сега.бг.њус“.
Причината за колапсот е јасна – западните санкции против агресорот Русија делуваат и нивниот ефект се зголемува. Минатата година, за прв пат по четвртина век, „Гаспром“ пријави годишна загуба од 583 милијарди рубљи, додека во првата година од војната (кога Кремљ предизвика енергетска криза и шокирачки цени на бензинот) неговиот профит изнесуваше 1,23 трилиони рубли.
Откако Европа се собра, презеде мерки за нејзината енергетска безбедност и воведе санкции кон Русија, работите се свртеа. Уделот на „Гаспром“ на европскиот пазар драстично падна – од 45% на 15%, со само 28 милијарди кубни метри гас извезени во Европа во 2023 година, што одговара на нивото од доцните 1970-ти.
Минатата година извозот на „Гаспром“ падна на 69 милијарди кубни метри, што е најниско ниво во последните 40 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Гаспром“ испадна од топ 100 најпрофитабилни руски…
„Гаспром“ повеќе не е најпрофитабилната руска компанија,…
За првпат по 14 години Гаспром забележа…
Рускиот енергетски гигант Гаспром објави дека во…
„Гаспром“ постави нов рекорд во испораката на…
На 25 ноември рускиот гасен гигант „Гаспром“…
Европските земји кои “се откажаа” од рускиот…
Европските земји кои зборуваа за откажување од…
Гаспром испраќа гас во Европа преку Украина
Гаспром испорачува гас за Европа преку Украина,…