Гас “има снемано”: Поради ремонт Гаспром исклучува уште една турбина од “Северен тек”
Руската енергетска компанија „Гаспром“ ќе ја прекине работата на втората турбина „Сименс“, соопштија од компанијата. Поради тоа, снабдувањето со гасоводот „Северен тек 1“ од 27 јули нема да надмине 33 милиони кубни метри дневно, пишува деловниот весник „Комерсант“, што одговара на 20 отсто од капацитетот на гасоводот. Претходно, протокот на гас веќе беше намален на 40 отсто од капацитетот.
Од „Газпром“ велат дека одлуката за исклучување на турбината е донесена врз основа на нејзината техничка состојба и фактот дека треба да се изврши ремонт.
Портпаролот на германското сојузно министерство за економски прашања изјави дека наводно нема технички причини за намалување на снабдувањето со гас преку гасоводот Северен тек 1.
Според претходниот извештај на Комерсант, неколку од деветте турбини во компресорската станица Портоваја треба да се ремонтираат. Весникот забележува дека „Гаспром“ се уште нема одобрено понатамошни ремонти, а за ремонт на една турбина потребни се околу три месеци. Сегашниот договор му дозволува на Сименс Енерџи да прифати уште пет турбини за ремонт пред крајот на 2024 година.
Ситуацијата уследи по спорот меѓу Русија, Канада и Германија за турбината „Сименс“ која беше испратена во Монтреал на ремонт и не беше вратена навреме поради санкциите што Отава ги воведе кон Москва. Гаспром го наведе доцнењето како причина за намалувањето на протокот на гас за Германија за 60 отсто минатиот месец. Канада на крајот ја испрати турбината во Германија, каде што моментално чека испорака во Русија. Гаспром претходно во понеделникот соопшти дека документацијата што ја добила од Канада и Сименс во врска со испораката на турбината не ги разјаснила прашањата за санкциите.
Минатата недела германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека Берлин повеќе не може да се потпира на Москва за снабдување со гас и рече дека не е убеден од тврдењата на Москва дека е неопходна поправена турбина на Сименс за Северен тек 1 да биде целосно оперативен. Москва го отфрли тврдењето, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека падот на испораките се должи на технички проблеми кои произлегуваат од санкциите на Западот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…