Гаши: Благодарам за грижата, се враќам на извршување на моите должности
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево преку објава на својот фејсбук-профил се заблагодари за грижата и поддршката што ја добил изминатите два дена додека беше хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје поради преплет на цревата.
„Чувствувам внатрешен порив длабоко и искрено да им се заблагодарам на сите кои се погрижија за мене во овој период. Посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал. Од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за многубројните пораки и постојаниот интерес“, пишува Гаши во објавата на Фејсбук.
Како што и претходно денеска известија од Собранието, Гаши денеска е пуштен од болница.
„Благодарение на Бога, мојата здравствена состојба сега е стабилна. Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив“, вели претседателот на Собранието.
Претседателот на Собранието беше хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија доцна вечерта во вторникот, каде што се јавил со болки во стомакот. Болничкиот третман помина без хируршка интервенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши: Благодарам за грижата, се враќам на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево преку…
Негира дека се договорил со Мицкоски: Коцевски…
Интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и…
Малиот јунак Матеј ја освои тешката битка…
Уште еден мал јунак ја доби битката…
ГРЕТА ТУНБЕРГ ГО ПОСЕТИ ТЕТОВО Дали ќе…
Во текот на посетата, шведската климатска активистка…
Повик од Левица до ДКСК: Оставката на…
„Загрижува фактот што составот на Комисијата не…