Гаши: Дали ќе дојдат пеш или порано, не знам ама пратениците утре треба да работат според планираниот распоред
Не верувам дека некој од пратениците ќе дојде утре со возило. Дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши пред најавената блокада на законодавниот дом од страна на Сојузот на синдикати на Македонија. Според него, пратениците утре треба да работат според планираниот распоред, иако како што вели, го почитуваат и правото на протест на работниците.
-Утре нема да има посебни безбедносни протоколи, полицијата ќе си ги преземе сите мерки и се надеваме дека се ќе помине мирно, вели Гаши и додава дека „не е возможно исплаќање на патни трошоци, определено со Деловникот, без приложување на фискална сметка“.
Спикерот вели, ако самиот се прашувал уште денеска би ги зголемил платите на работниците но, како што рече, тоа е работа на договор меѓу нив и работодавачите и на евентуална политичка одлука.
Утре (10 февруари) од 9 часот, работниците предводени од ССМ ќе одржат протест со блокади на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ за да не може пратениците да дојдат со возила на работа и како што велат „да поминат покрај работниците и да ги погледаат во очи“, како и да не можат да си наплатат патни трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши: Дали ќе дојдат пеш или порано,…
Не верувам дека некој од пратениците ќе…
14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ…
Во држава во која минималната плата едвај…
Левица: Остануваме единствена партија чии пратеници не…
Остануваме единствена партија чии пратеници не земале…
14,4 МИЛИОНИ за патни трошоци на пратениците…
14.369.470 денари е сумата која пратениците во…
Собранието на распуст до 12 јануари –…
Собранието на Република Северна Македонија е на…