Гаши: Двете анкети комисии за кочани да се преточат во едно

t

Собранискиот спикер Гаши побарал од власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани а која би ги опфатила и останатите несреќи со Беса Транс Дурмо турс и модуларната болница во Тетово откако веќе ги доставија иницијативите.

Сепак на брифингот со новинарите вели конкретен одговор не добиол од политичкките партии дали може да падне таков договор па им оставил неколку дена да се договорат . Сепак тврди не гледа ништо спорно во одржувањето на анкетните а исто така побарал и од Левица претседателот на постојаната анкетна комисија но и претседател на партијата Димитар Апасиев да се обиде да најде друг термин од првично закажаниот на 9 декември кој ќе им одговар на сите пратеници за можат да учествуваат во дискусијата на анкетната бидејќи во тој период се уште ќе се води и дискусијата за буџетот и како што вели Гаши тешко ќе биде сите пратеници да можат да учествуваат паралелно и во двете расправи .

– На последната координација дадов предлог на партиите да се договорат така што покрај постојаната анкетна која ја води пратеникот Апасиев да може власта и опозицијата предложените две иницијативи да ги преточат во една заедничка а во која ќе бидат опфатени и останатите несреќи покрај онаа за Кочани. Се надевам дека во наредните денови ќе ми одговорат дали се договориле или не .

Во врска со реконструкциојата на владата Гаши и денеска потврди дека Вреди ги доставиле предлозите за двајца министри односно Мухамед Хоџа да биде министер за екологија и Беким Сали министер за евроинтеграции и прв вицепремиер а на истата седница која најветојатно ќе биде свикана во периодот од 15 до 19 ти ќе биде и разрешувањето на Муртезани откако и Изет Меџити веќе стана градоначалник на Чаир . Зошто најавеното реконструирање ќе почека до пролетва Гаши не одговори но најави дека ќе се прави нов изборен законик за кој ќе инсистира работните групи да се формираат во собрание а за кој консултативно ќе им треба текстот од измените на законот кои се правеа во министерството за правда .

Во врска со бадентерот дали власта го има или не по последните случувања со Демири од Алијанса кој исто така најави дека ќе делува независно откако и тројцата пратеници на Села излегоа од Европскиот фронт Гаши само посочи дека тоа е менливо и дека власта некогаш го има потребниот бадентер а некогаш не, но се уште фалат пратеници за тој да биде комплетен и официјален иако не ја исклучува можноста дека може да се стигне до него особено кога се во прашање рефроските закони кои се важни за реформската агенда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши: Двете анкети комисии за кочани да…

Собранискиот спикер Гаши побарал од власта и…

Филипче најави голема чистка на „Бихаќка“ –…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ),…

По пријава за гласна музика, двајца полицајци…

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци…

ЗАРЕМ ИМА ПОПАТРИОТСКИ ДОКУМЕНТ ОД НАШАТА РЕЗОЛУЦИЈА,…

ЗАРЕМ ИМА ПОПАТРИОТСКИ ДОКУМЕНТ ОД НАШАТА РЕЗОЛУЦИЈА,…

Виткоф кај Путин, Зеленски гледа најголема шанса…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборува пред новинарите…