Гаши призна дека нему и на свадбарите не им биле проверени пасошите – Го обвини Тошковски и МВР бидејќи не му побарале патна исправа

t

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши потврди дека неговиот и пасошите на останатите свадбари кои како делегација со полициски обезбедување патуваа на свадба на Косово не биле проверени од страна на полицијата.

-Каде и да одам јас, морам да ги известам припадниците на обезбедувањето кои се блиски до мене. И денеска да отидеме кафе да пиеме, ќе мора да ги известам каде одам, тоа значи и патување приватно, надвор од државата. Практично јас немам веќе приватност, секој од нас е и човек и имаме семејства, треба да се грижиме и за нашите меѓучовечки односи, да не повредиме некого, да ни биде совеста чиста итн. Уредно, сум отишол со најава и сум барал да се почитува закон и процедури. Јас не можам да застанам на пасошка контрола да ги прегледам пасошите,вели Гаши.

Гаши уште еднаш потенцираше дека од него и од останатите лица кои оделе на свадба на Косово не била побарана патна исправа и додаде дека морал да биде придружуван од полиција.

Јас никогаш, од никого, не сум барал да го прекрши законот, МВР требало да си провери пасоши на граница. Јас прашав дали можам да одам со приватно возило, меѓутоа ми укажаа дека не можам, тоа би било прекршување на законот и дека секаде треба да бидам придружуван од моето обезбедување.

На прашање на Инфомакс дали по примерот на поранешниот министер Наим Бајрами и спикерот Гаши ќе ги покрие трошоците за патување со службено возило во Косово, Гаши вели дека нема методологија како да се утврди колкав е трошокот, доколку се пресмета колкав е трошокот, ќе ги врати парите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…