Гаши се сретнува со радикални исламисти во Собранието на Република Македонија!
Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со Авад Ал Анзиј Бин Сибтиј, заменик-министер за исламски прашања на Кралството Саудиска Арабија, кој предводи делегација во посета на земјава.
На средбата присуствуваа и пратениците од Собранието, Аднан Азизи и Салим Сулејмани, како и претставници на ИВЗ, вклучително со Реиз ул Улема Шаќир Фетаи.
Соговорниците се осврнаа на односите меѓу двете земји, кои се оценети како пријателски, со заедничка посветеност за нивно продлабочување. Исто така, беше заклучено дека има голем простор за динамизирање на економската соработка.
Посакувајќи му добредојде на заменик-министерот Авад Ал Анзиј Бин Сибтиј, претседателот Гаши истакна дека оваа посета е значајна за негување на билатералните односи.
Соговорниците се осврнаа на можностите за почести дипломатски размени и посети на парламентарно ниво за развој на билатералните односи.
Се разговараше и за можностите за подобрување на образовната размена, како и за важноста на културната соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и добра волја.
Во делот на конзуларната соработка, беше нагласена важноста од олеснување на патувањата за граѓаните на двете земји.
Инаку, Инфомакс претходно објави ексклузивна информација дека зетот на Африм Гаши загинал како борец на ИСИС во Сирија.
Прочитајте детали во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…