Гаши тврди дека морал да ја поништи Надзорната расправа на Апасиев за трагедијата во Пулс

t

За трагедијата во Кочани нема поднесено ниту една иницијатива стигната во Собранието ниту за анкетна комисија, ниту за надзорна расправа, а собранискиот спикер Африм Гаши вели дека бил обврзан да ја поништи Надзорната расправа што ја закажа лидерот на Левица Димитар Апасиев кој е и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, бидејќи била спротивна на Деловникот на Собранието без усвоен дневен ред, за што Апасиев му поднесе тужба до Управниот суд на Гаши.

– Според Деловникот за работа, таа комисија не се водеше според деловникот не се усвои дневен ред. Не можеме ние да дозволиме да се води во Собрание седница, ниту пленарна, ниту во Комисија без да се донесе дневниот ред. Јас бев обврзан тоа да го прекинам како процедура. Убеден сум дека сум во право, ако има тужба судот ќе одлучи, како ќе одлучи ќе видиме. Ние ќе ги застапуваме нашиот дел. Легитимно е секој да е бори. Ако воспоставиме таква пракса, јас на пример одам на пленарна седница и викам имам дневен ред, ќе зборуваме за точки кои јас ќе ги предложам, без да се усвои дневен ред. Тоа ќе биде нарушување на целиот систем. Не сфаќам како може универзитетски професор по право да го дозволи тоа – рече Гаши.

На прашањето зошто нема ниту една анкетна или надзорна расправа за Кочани и дека во јавноста се создава впечаток дека во Собрание не се зборува за Кочани, Гаши вели дека тој постапувал по секоја поднесена иницијатива која е според Деловникот, но засега немало поднесено иницијатива според Деловник.

Апасиев поднесе тужба до Управен суд против Гаши за како што врече „противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“.

– Откако на Четвртата седница на Постојаната анкетна комисија пратениците на бескрупулозната владејачка коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ решија злонамерно да ја бојкотираат Комисијата со која претседава пратеникот од Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, останатите присутни пратеници – согласно Деловникот – во нивно отсуство донесоа правовалидна одлука (со 1/3 од вкупниот број полноправни членови), за одржување надзорна расправа во Собранието на тема: „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16 март 2025“. Но, по ова – спикерот Гаши, со интерен службен допис до претседателот на П.А.К. пречекорувајќи ги своите ингеренции и прекршувајќи го Законот за Собранието, ја поништил Поканата за одржување на надзорната расправа, со цел во Собранието на РМ никако да не се дозволи да се зборува за кочанската трагедија. Ова е уште еден нехуман очајнички обид на пратениците од корумпираната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ да добие на време и да проба да го амортизира народниот гнев на родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“, саботирајќи го на секаков можен начин одржувањето на Надзорната расправа за вака важна тема од највисок јавен интерес – реагираше Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се…

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба…

Гаши тврди дека морал да ја поништи…

За трагедијата во Кочани нема поднесено ниту…

Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето…

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната…

Млада Србинка со нож нападнала охриѓанец во…

25-годишна Србинка со иницијали Т.С. вчера со…

Прво ќе се избере Народниот правобранител и…

Локалните избори ќе се распишат до крајниот…