Гаши: Јас сум голем оптимист, дека можеме да вратиме многу наши иселеници, да го запреме егзодусот на младите
По изборот на Африм Гаши за нов спикер во Собранието, тој се заблагодари на довербата од новиот парламентарен состав, и вети дека ќе работи за доброто на граѓаните.
„Нема да дозволам ниту еден пратеник да се чувствува дескридитиран. Да докажеме дека ние сме најдобрата слика на ова општество, или Северна Македонија во минијатура. Почитувани пратеници, почитувани граѓани. Минатата година во САД се сретнав со секретарот кој почина после неколку месеци. Тој ми кажа нешто кое ми доаѓа на ум додека ви се обраќам. Тој кажа: „Верувам во слободата на изразување, и верувам општествата напредуваат кога дозволуваат слобода на изразување“. Имам мое политичко мислење како пратеник, но како претседател ќе се погрижам нашето општество да процвета низ слободата на изразување.
Имаме Собрание, нов парламентарен состав и мнозинство кое ќе го состави новата Влада. Пред нас се отвора нова перспектива. Да го сопреме егзодусот на младите. Јас сум голем оптимист, дека можеме да вратиме многу наши иселеници, ако ги исполниме ветувањата за кревање на животниот стандард. Дебатата за минатото не е дискус кој треба да се развива од политичарите, а најмалку за пратениците. Минатото е добра тема за историчарите, но не и за политичарите. Од нас се бара да ја подобриме иднина и да зборуваме за иднината, а не за минатото. Ако зборуваме само за минатото, нема да имаат корист нашите граѓани. Затоа треба да се соединиме околу општите барања на граѓаните. Реформи во образованието, заштита на семејството и заштита на животната средина. Имаме многу точки кои не обединуваат, и ова е добра можност. Имаме многу малку наратив кој не разделува. Уште еднаш да ви се заблагодарам на поддршката, да бидеме во служба на граѓаните без разлика на етничката, верската и национална припадност“, рече Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…