Гаши ќе биде нов спикер во Собрание, речиси сѐ е договорено – Еве кој што ќе добие од колачот „Влада“
Речиси е познат новиот состав на владата и распределбата на кадровските места. Откако беше познато дека ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, надополнети со ЗНАМ, ќе го формираат новото владино мнозинство, обелоденети се и министерствата што партиите ќе ги добијат и функционерите кои ќе ги предводат институциите. Како што пренесуваат дел од медиумите, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши ќе биде нов претседател на Собранието, додека претседателот на новоформираното Демократско движење, Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер.
Досегашниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари се очекува да ја напушти позицијата во општината и да биде старо-нов министер за здравство. Неговиот колега од општина Аеродром, Тимчо Муцунски треба да застане на чело на ресорот одбрана, додека другиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се очекува да биде нов министер за надворешни работи.
Досегашниот технички министер Панче Тошковски е предвидено и понатаму да раководи со МВР, додека новото министерско столче за енергетика да го предводи Сања Божиновска, исто кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така предвидено е лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ да го предводи Министерството за односи меѓу заедниците, кое досега беше во рацете на Артан Груби од ДУИ.
Во однос на Движењето ЗНАМ, информациите се дека треба да добијат две министерства, поточно Министерството за правда и новото Министерство за администрација.
Работни групи продолжуваат да го прецизираат владиниот кабинет. И за денеска најавени нови средби меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Преговарачките страни имаат рок најдоцна до 20-ти јуни да го формираат владиниот состав. ВМРО-ДПМНЕ претходно излезе со став дека имаат консолидирано 61 пратеник.
За вторник, 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници, пишува Локално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…