Гвардиола: Не се предаваме, но ова е тежок удар за нас!
Пеп Гвардиола е разочаран по поразот на Манчестер Сити од Реал Мадрид, англискиот шампион ќе има исклучително тешка задача да победи на Сантијаго Бернабеу.
Манчестер Сити двапати водеше, но на крајот загуби од Реал Мадрид со 3-2 и тоа со гол во 92. минута од натпреварот.
„Ќе се обидеме да се вратиме во Мадрид се разбира, но емоционално ова е тежок удар за нас“, вели Пеп Гвардиола.
„Ова ни се случи многу пати оваа сезона, многу пати. Лоши одлуки. Тоа е тоа што го реши мечот“.
„Сега е тешко, но ќе се опоравиме, треба да мислиме на мечот со Њукасл во сабота, а потоа на реваншот на Бернабеу. Знаеме што треба да направиме и ќе одием таму да даваме голови“.
Пеп беше прашан дали одлуката на Едерсон да шутне долга топка на крајот беше погрешна.
„Едерсон беше нашиот најдобар играч на мечот. Тој одлучи да шутне долга топка што не беше добар шут и тие дадоа гол. Можеби ако додадеше кратко и ја загубевме топката, вие ќе прашавте „Зошто не шутнал долга топка?“.
„Фудбалерите носат одлуки во моментот, го знаете тоа? И некогаш тоа се добри одлуки, понекогаш не се, и ние треба да ги менаџираме ситуациите, денеска не го правевме добро тоа. Но тоа ни се случува многупати“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…