Гевгеличанец измамил жена во Скопје, ѝ кажал дека е роднина на повреден во пожарот во Кочани
Жител на Гевгелија измамил жена лажејќи ја дека е полицаец и роднина на повреден во пожарот во Кочани, соопшти полицијата.
„На 31.03.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари. Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината. Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…