Генералниот директор на „Србијагас“: Договорот за руски гас веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци

t

Генералниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека договорот за набавка на руски гас, кој истекува крајот на март, веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци, објави б92.

Тој нагласи дека цената на гасот за домаќинствата нема да се менува, како и дека Србија има доволно енергенс до крајот на грејната сезона.

Бајатовиќ објасни дека долгорочниот договор со Русија ќе биде анексиран, но дека постојат бројни проблеми, од европски санкции до тешкотии со платежниот промет, кои не се лесни за решавање.

„Она што ќе се случи сега, нашиот договор од март натаму, поради големите залихи, практично до октомври, ќе изнесува шест милиони кубни метри дневно, а не 10, бидејќи не можеме да го полниме „Банатски двор“. Веројатно ќе имаме продолжување на долгорочниот договор за наредните шест месеци“, изјави Бајатовиќ за РТС.

Бајатовиќ нагласи дека дури и ако не се увезат нови количини, Србија има доволно гас до крајот на грејната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот директор на „Србијагас“: Договорот за руски…

Генералниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави…

Вучиќ: Не шпекулирајте дали ќе бидам премиер,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес ги…

Орбан тврди дека Клинтон во 1999 побарал…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во…

Првиот пациент во светот што ќе ја…

Првата личност во светот што ќе започне…

Вучевиќ: Очекувам Вучиќ да биде иден премиер

Поранешниот српски премиер и актуелен претседател на…