Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на Синдикати и Трендафилов на средба со Дурмиши
Денеска во просториите на Министерството за економија и труд, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на Синдикати (ITUC) г-н Лук Триангл, г-н Антон Лепик, Извршен секретар на Паневропскиот регионален комитет (ITUC – PERC) одржаа средба со Министерот за економија и труд г-н Бесар Дурмиши на која работна средба се разледуваше положбата на работниците во нашата држава како и се разгледуваа актуелните состојби во врска со барањата на македонските работници пренесени преку ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, а исто така се направи осврт и на состојбата со социјалниот дијалог во државата, функционирањето на Економско-социјалниот совет, колективното договарање и почитувањето на колективните договори и воопшто состојбата кога станува збор за синдикалното движење и работничките права во Република Македонија.
Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати и на оваа средба како и на вчерашната со гранскитe синдикати здружени во ССМ ја искажа својата загриженост за состојбата во Македонија кога станува збор за работниците, работничките права и особено ниските плати на работниците, а која наместо да се подобрува, се влошува, а особено ја истакна загриженоста за влошувањето на суштинските права на работниците во Република Македонија кое нешто може да се види од оценката која нашата држава ја има во рамките на Глобалниот индекс за работнички права кој ITUC го објавува и каде нашата држава има лоша оценка за што особено го извести Министерот за економија на труд како и претставниците на Владата кој беа присутни, нешто што е резултат на работата на сите дисегашни влади.
Понатаму во своето излагање тој нагласи дека се регистрирани дејствија кои се спротивни на Конвенциите 87 и 98 на МОТ, кои се однесуваат на слободата на здружување и на колективното договарање, а кои се ратификувани од нашата држава. Генералниот секретар испрати и порака дека социјалниот дијалог мора да биде активен и суштински, дека трипартитноста мора да се почитува и дека социјалните партнери мора заеднички да дејствуваат, а особено дека Економско-социјалниот совет мора сериозно да биде сфатен како од Владата на Република Македонија, така и од работодавачите и дека тој не смее да биде само некаква форма, која нема суштина, бидејќи токму ЕСС е местото каде мора да се креираат активни политики кои ќе носат напредок за сите работници и граѓани на Република Македонија. Особено истакна дека нашата држава мора да се стреми за своите работници да не бидат сиромашни работници, туку да заработуваат плати и да имаат примања со кои ќе можат да си остварат достоинствен живот за себе и за нивните семејства, односно дека Владата треба да се фокусира да своите граѓани имаат минималната плата и воопшто плати кои ќе преставуваат плата за еден достоинствен живот. Беше испратена силна порака дека ниту една држава не може да просперира со сиромашни работници, и токму затоа фокусот како на Владата, така и на работодавачите мора да биде токму на решавање на ова прашање, а нагласи дека минималната плата треба да биде плата за живот.
Од страна на Делегацијата на ITUC од највисоко ниво во продолжение беа испратени пораки за унапредување на колективното договарање, а особено за задолжително почитување на Колективните договори кои се важечки и на сила, а беше дадена и препорака да се овозможи синдикално организирање во слободните економски зони, каде особено синдикатите од приватниот сектор имаат потешкотии за водење на било какви преговори за унапредување на работничките права.
За крај Генералниот секретар ја изрази својата поддршка кон работниците во Македонија и кон ССМ и кон Претседателот на ССМ Слободан Трендафиков и особено нагласи дека за Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) не се прифатливи притисоците и кампањите за клеветење кои се водат против синдикатите и нивните синдикални лидери, и дека истите се во спротивност со демократските принципи и начели на кои треба да дејствува нашата држава. Тој испрати јасна порака дека не смеат синдикалните лидери да бидат предмет на лични црни кампањи и кампањи за лична дискредитација само затоа што го работат она што е и главна улога и цел на синдикатите насекаде во светот, а тоа е борба за унапредување на работничките права и за зголемување на работничките плати.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов најпрво ги пренесе силните аргументите на кои ССМ ја темели својата синдикална борба за повисоки плати односно за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, како што се јавната анкета која ССМ ја спроведе и која се состоеше од прашање во врска со висината на платите во нашата држава, а се со цел да добие претстава за јавното мислење за ова прашање, Анализата која ССМ ја направи за потребата од зголемување на платите врз основа на податоците што доаѓаат од Државниот завод за статистика, Управата за јавни приходи, Народната Банка на Македонија, Централниот регистар на Северна Македонија, податоци за продуктивноста што доаѓаат Меѓународната организација на трудот (МОТ), висината на синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ како и податоците за висината на минималната плата во регионот кои доаѓаат од ЕУРОСТАТ, меѓу другото.
Освен тоа ги истакна сите предизвици со кои се соочуваат синдикатите како во јавниот, така и во приватниот сектор во рамките на своите синдикални организации и синдикалното дејствување, како што се упадите кои се прават во синдикални организации на ССМ на секое ниво, а се со цел незаконско превезмање на нивното членство, понатаму личното таргетирање на синдикалните претставници и негово лично таргетирање, а се со цел да се наруши нивниот углед и положба за време на синдикалната борба за зголемување како на минималната плата, така и на сите останати плати, нарушувањето на колективното преговарање, а особено ги спомена и непочитување на одредбите на колективните договори кои се во сила, што е особено актуелно во изминатиот период. Тој направи и осврт на состојбата со социјалниот дијалог кој е исто така видно нарушен, особено поради тоа што сите закони кои треба да се дискутираат на ЕСС, се донесени без консултации на социјалните партнери, а особено новите закони за јавен сектор и административни службрници со кои е ограничено правото на плата да биде регулирано со колективен договор, како и неколкуте измени на Законот џа работни односи, а разговараше и за улогата на Економско-социјалниот совет кој и покрај присуството на високи владини претставници е без да му се даде посебна и значајна улога иако согласно Спогодбата со кој е основан тоа не смее да биде така, а особено не смее да се настојува на активирање на постоење на само бипартитен дијалог без да се почитува трипартитноста и потребната улога и ангажираност од страна на сите три социјални партнери меѓу кои и Владата.
Беше истакнато дека не смеат повеќе да се прават измени на постоечките закони во областа на трудот без социјален дијалог и без учество на ЕСС на кое нешто бевме сведоци во изминатиот период, а која пракса ја започна претходната влада, а ја пеодолжи сегашната, што е крајно негативна и дава лоша слика за нашата држава осбоено на меѓународно ниво.
Од страна на претседателот на ССМ, Трендафилов беше испратена порака дека оваа работна посета е од огромно значење за ССМ и за македонските работници бидејќи е во период на борба за зголемување на работничките плати и пеотестите на кој се придружија илјадници работници.
На крајот од средбата беше истакнато дека Меѓународната конфедерација на синдикати ќе ги следи процесите во Македонија, а за напредокот ќе се дискура на средината на оваа година на годишната Конференција на Меѓународната организација на трудот во Женева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Генералниот Секретар на Меѓународната Конфедерација на Синдикати…
Денеска во просториите на Министерството за економија…
ПОДДРШКА ОД МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ ЗА…
Десетина илјади работници вчера излегоа на голем…
(Видео) Партиите делат 10 милиони евра за…
- За сто гласа на парламентарни избори…
(Видео) Пешевски: 600 евра минимална плата веднаш,…
600 евра минимална плата веднаш, не за…
Протест за поголеми работнички плати денес во…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на…