Генералниот секретар на Обединетите нации денеска со видео-обраќање во македонското Собрание
Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците денеска во Собранието ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите.
Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Македонија Љатифе Шиковска и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.
Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…