Објавено на:

Генералниот секретар на ОН ја повика Русија да го врати договорот за жито

t

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја повика Русија да се врати на договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море, пишува Миа.

„Со завршувањето на Црноморската иницијатива, најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш на отворањето на состанокот на високо ниво на Организацијата за храна (ФАО) при Обединетите нации во Рим.

„Кога цените на храната растат, сите плаќаме повеќе“, рече Гутереш.

Откако Русија цените на пченицата и пченката на светските берзи се зголемија. Генералниот секретар на ОН му пиша на Путин на 11 јули во обид во последен момент да го спаси договорот за жито.

Од почетокот на војната во Украина, рускиот извоз на жито расте, но тој на вештачки ѓубрива драстично падна.

„Останувам посветен на олеснување за непречен пристап до глобалните пазари за храна и ѓубрива и од Украина и од Русија за да се обезбеди храната што секој човек ја заслужува“, рече Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…