Генчовска: Бугарија не го признава македонскиот јазик, прво промена на Устав па после преговори со ЕУ!
Протоколот содржи исклучително амбициозни мерки, кои во пракса имаат за цел да решат многу од отворените прашања. Ова не е документ сам по себе, туку составен дел од пакетот на таканаречениот „француски предлог“. Оттука, ние продолжи работата на ниво „експерти“ со тим од Република Македонија, рече денеска бугарската министерка Теодора Генчовска во Софија на прес-конференција по церемонијата на потпишувањето на билатералниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство, за кој бугарските медиуми известуваат дека ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура.
Генчовска рече дека отсега зависи само од Македонија кога земјата ќе влезе во ЕУ и колку долго ќе се одолговлекува преговарачкиот процес.
– При одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција. Дури по овој процес ќе има втора меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите во РСМ, може да трае три месеци, како што беше при промената на името на државата, може да трае две години – нагласи таа.
Вистинските преговори со Албанија ќе започнат веднаш по првата меѓувладина конференција, додаде.
Според неа, следните чекори треба да доведат до вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија.
На новинарско прашање Генчовска посочи дека Бугарија не отстапува од ставот за македонскиот јазик.
– Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на РСМ. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, ова е поконкретно, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став, но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка – рече Генчовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…