Објавено на:

Генчовска до Османи: Бугарија ве поддржува, ви посакуваме успех на патот кон ЕУ

t

Бугарија е земјата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Македонија и Албанија. Оттука па натаму им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и наша поддршка, тие ќе стигне таму каде што граѓаните на РМ најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, рече денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол на чл. 12 од Договорот за добрососедство и пријателство.

Документот, пишува БНТ, ќе биде дел од преговарачката рамка на Скопје за членство во ЕУ и содржи мерки за наставните програми за историја, говор на омраза и култура. Генчовска по потпишувањето истакна дека на состанокот на меѓувладината комисија утринава е забележан напредок во сите пет секторски групи.

Македонскиот министер за надворешни работи  Бујар Османи, истакна дека од денеска односите меѓу двете земји одат на ново ниво.

– За нас е историска можност што по 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија од утре може да ги започне преговорите со ЕУ и да ја започне последната фаза од нашиот пристап во ЕУ. Очекуваме поддршка од Бугарија, бидејќи ова е во наш интерес, освен на граѓаните на Северна Македонија, Бугарија е заинтересирана и за приклучување кон Западен Балкан – додаде Османи.

Потпишувањето на протоколот овозможува во вторник во Брисел Македонија да ја почне првата фаза од отварањето на преговорите за членство со ЕУ, откако вчера со 68 гласа „за“, Собранието ѝ даде зелено светло на Владата да го усвои т.н. „Француски предлог“. Потоа условите за Македонија се да го смени Уставот и да ги внесе Бугарите во Преамбулата, по што ќе се одржи и втората меѓувладина конференција во Брисел, на која ќе се доотворат преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…