Георгиевска: Како да нараниш четворочлено семејство од едно јајце? Загатка за премиерот на Северна

t

Колумна на Д-р Мери Георгиевска
Станувам нетрпелива да го слушнам пресот на премиерот на Северна како ни објаснува дека од едно јајце можат да ручаат четворица пензионери, сиромашни луѓе?!

Како?

Е па еве ќе му дадам идеја:

Од жолчката ќе смати мајонез. Сите четворица од семејството ќе мачкаат тенок слој мајонез на бел сув леб за да ги наполнат стомаците, а од белката ќе им предложи да сматат шам, од кој сите ќе сркнат по едно лажиче да се облажат. Ова ќе бидат врвните економски мерки што „главниот на дпмне“ ќе ги имплементира, и кои што не четврта, ами ќе нè напреви прва држава по економија во Европа.

За фрустрираните членови на политичките партии на власт, заинтересираноста за своите гласачи, народот, претставува само аксиденција помеѓу две закономерни омрази: едната кон својата неспособност, а другата кон надежта што самите ја предизвикале кај нивните гласачи уште пред 14, 15 месеци. И тие две омрази имаат своја технологија и свои механизми, преку кои сега, кога се прочитани им се додворуваат на истите оние кои се разочарале во нив; оној кому му се додворуваат мисли дека додворувачите се смислата на нивното постоење, небаре егзистенција, живот и Бог! Погрешно!

Но, самиот резултат од сето ова погоре раѓа омраза. Омраза кон себеси, во случајов Мицковски против Мицковски.

Тој толку се мрази себеси, што не може да се соочи со неговите целосни промашаи. Прво како промашен премиер на една северна и кутра држава, потоа како промашен татко на државата, кој не оди да запали свеќи на „неговите“ деца, кога цело Кочани е завиткано во црно, кој нема ни мајка на државата која би отишла до Кочани за да запали свеќи на „нејзините“ деца (зошто кога стануваш државен врв, не твоето, ами цела Македонија се твои деца, семејство и народ). И трето, промашен, зошто кај и да е, ја продаде Македонија. Не ја продаде кучата. Сега е сериозно. Секој миг дур дишеме он ја продава Македонија. Ни ја украде Македонија, зошто Северна не е наша, и сега уште ќе ја подари.

Неговите лаги, неговиот технолошки и математички прецизен модус за некакво негово пророштво со извесен периметар, како и господско служење (contradictio in adjecto) на ВЛЕН на секојдневните прес конференции, претставува сè поголемо објективизирање и тоа за една уште поголема интериоризација на самата омраза, сега пак кон сите!

Мицковски станува сè поголем роб на омразата. Роб во одело од 8.000 евра, кој во случајов го обожува и се восхитува на својот господар – ВЛЕН.

Заклучок: Он не владее со Македонија. Уфилман е и го занимаат само пари.

Тој, на секој еден прес, бескрупулозно прави будали од секој еден Македонец. Но и сите етникуми во Македонија.
Тој е огромен талент кој со неговата безгрижност и со намера неговата интимна привилегија на лажење да ја искористи во продажба на Македонија со поднослива леснотија на неговото постоење, незнаејќи дека ќе стане неподнослива истата таа поднослива леснотија;

Он ја демонстрира својата неприкосновена интимна привилегија завиткана како залог за сопствената слобода: Да се изврши злостор над Македонија и да се помине со награда, наместо со казна! Со еден збор, ете ја сета негова периметарска гордост, его до плафон, скопен од чувствителност и надокрај ете го сето негово величие за коешто всушност сонувал цел живот. Сонувал да стане нешто големо, но без консеквенци ако се може келнер!
Да, бедниот Мицковски греен со ќебиња, а со часовници од 60.000 евра, ново збогатен буржуаз, стана понижен, презрен од сиромашниот народ кој нема за аргета и леб, еден несреќен – Loser, кој не е ни прв, но можеби ќе биде последен!

И така, еден човек, штом почне да се гордее со она што го поседува, со скапите гаџети и скапото руво, со паричките и становите, со имотот што го поседува, а не со она што го знае и што го чувствува, штом се наоѓа во период кога во неговата глава се населуваат многу гости, да се гордее со сопственото незнаење, наместо со етичноста на постоењето и оправданото сознание, може да стане опасен по една заедница, семејство, и надокрај ДРЖАВА.

Но, за среќа политичките убедувања траат толку долго колку што во нив народот заложува една енергија наречена – надеж!!

Во Македонија одамна нема надеж, и никогаш не било полошо во секоја сфера на битисување во последните 35 години!

И сега ДОСТА Е!

Доста убедуваме еден човек – нарцисист, дека треба да посети гробишта на 63 прерано загинати животи. ДОСТА Е!

ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО – велевме кога бевме мали, сега сме големи и ќе речеме: Изгоре лончето Премиеру на Северна Македонија, доста е! И да тркнеш до Кочани сега ќе биде веќе депласирано. Оди си пред да ја преполовиш Македонија на две (оти ова ќе биде брзо), давајќи ја половина Македонија на локалните избори на твојот албански сојузник. Арно ама, ти пак, како Дејвид Коперфилд, пак од половината што ќе остане ќе направиш две, па пак од половината две, сè дур не пропаднеш и ти со се сите нас кои ја љубиме Македонија во дупката, како Слепците на Бројгел, ако ме разбираш.

Иако си мислиш дека украдените милијарди ќе те спасат, и ќе бегаш по најнова мода, нема да можеш кафе да испиеш во сопствената држава!!

Нема да има кој да ти рече добар ден. Сите ќе ти велат: ЗБОГУМ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Георгиевска: Како да нараниш четворочлено семејство од…

Колумна на Д-р Мери Георгиевска Станувам нетрпелива…

ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и…

ВМРО – Народна партија ги информираше сите…

Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона,…

„Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако…

Прекината потрагата по 16 годишното дете во…

-Во моментов Дежурниот оперативен центар на ЦУК…

Скандал во германскиот парламент: откриен нацистички симбол…

Во парламентот на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг…