Георгиевски: Македонската нација е на последните места меѓу оние кои им помогнале на Евреите, нашите дедовци не биле толку големи херои како денешните Фејсбук патриоти
Екс-премиерот и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски обвинува за, како што вели, многу лицемерие во врска со депортацијата на македонските Евреи. Според поранешниот функционер, познат по своите контроверзни ставови, има една бројка која кажува сè за Македонија.
„Во Ерусалим постои мемориален музеј “Јад Вашем” во кој евреите имаат издвоено „Праведници меѓу народите“ луѓе и институции кои им помогнале на Евреите да бидат спасени. Од Македонија има само десет имиња кои спасиле седумнаесет Евреи (од Албанија има седумдесет и пет кои спасиле 2000 Евреи). Оваа бројка ја става македонската нација на последните места на нации кои им помогнале на Евреите. Очигледно нашите дедовци не биле толку големи херои како овие денешните Фејсбук патриоти“, стои, меѓу другото, во објавата на Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љубчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил…
ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…