Георгиев: Историската комисија ги разгледува и македонските и бугарските учебници по историја

t

Состаноците на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се одржуваат редовно, но засега без напредок, вели академикот Драги Георгиев.

Тој посочи дека последниот состанок се одржал во февруари, а следниот ќе биде во април. Во врска со тоа кога на дневен ред ќе дојде прашањето за Гоце Делчев, Георгиев вели дека темите се определуваат непосредно пред самите состаноци.

Георгиев истакна дека Комисијата ќе работи се додека постојат отворени прашања и додека има услови за работа.

– Разговорите треба да се водат, дијалогот треба да продолжи, но не е сигурно кога ќе има резултати, вели Георгиев.

Тој посочи дека во моментов се разгледуваат македонските учебници за седмо одделение и бугарските учебници за шесто одделение. Тоа е средновековниот период, објасни Георгиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…