Георгиев: Македонија е важно камче кон некаква привидна стабилизација
Политикологот Гордан Георгиев смета дека бугарскиот претседател Румен Радев е најмалку тивок поради Македонија.
-Неговата тивкост почна после одбивањето да оди кај Макрон. Имаше благопријатен пристап кон тоа. Тој е конструктивен фактор во бугарската политика. Таму не се разговара за Македонија, многу повеќе за предвремени избори и дали државата ќе ја победи мафијата или обратно. Македонија е важно камче за да допринесе кон некаква привидна стабилизација во општава слика, но недоволно важно ако се распадне владата на Петков. Целта беше со надворешниот фактор да се одржи владата. Таа може да падне и да одиме на нови избори, по што ќе влеземе во тотален хаос, а Радев ќе биде „кингмејкерот“. Радев можеби ќе остане единствениот важен фактор околу македонското прашање. После војната во Украина, има три клучни пунктови, едниот е Бугарија, вториот е северниот дел од Европа и третиот е Балкано. Јас од првиот момент кога пукна пушката во Украина, тврдам дека Балканот е второто бојно поле, без разлика дали ќе ѕвечка оружјето. Мислам нема да се случи тоа, но е важно бојно поле кое мора да биде стабилно и недопрено, вели Георгиев во емисијата „Вин-вин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…