Гераманските служби ја означија партијата Алетернатива за Германија (АФД) како ЕКСТРЕМИСТИЧКИ СУБЈЕКТ
Германската Федерална канцеларија за заштита на уставот (БфВ) ја означи целата крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) како екстремистички субјект. БфВ објави дека одлуката била донесена по интензивна и сеопфатна анализа.
„Во партијата превладува концепцијата за народот заснована на етничка припадност и потекло, што не е компатибилно со слободниот демократски поредок. Нејзината цел е одредени групи на население да се исклучат од еднакво учество во општеството, да се подложат на третман што го прекршува уставот и со тоа да им се додели правно подреден статус“, соопшти домашната разузнавачка агенција задолжена за заштита на уставниот поредок.
Во одделно соопштение, министерката за внатрешни работи во заминување Ненси Фезер кажа дека партијата води кампања против уставниот поредок.
„АфД претставува етнички концепт кој дискриминира цели групи на население и ги третира граѓаните со мигрантско потекло како Германци од втор ред. Нивниот етнички однос се рефлектира во расистички изјави, особено против имигрантите и муслиманите“, кажа Фезер.
Според германските медиуми, претходно само некои здруженија поврзани со АфД беа означени како екстремистички, додека целата партија имаше понизок, „сомнителен“ статус. „Дер Шпигел“ објави дека промената на статусот може да го засили следењето на партијата од страна на разузнавањето.
На парламентарните избори во февруари, АфД освои 20,8% гласови, со што стана втора политичка сила во Германија, но последните анкети покажуваат дека таа дури ја намалува разликата во однос на конзервативците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…