Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите од оригиналните снимки – Ќе набавиме системи за следење на одредени локации, ако мора проблемот ќе се решава со законски измени
Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во Капиштец се доставени до МВР, на оригиналните снимки видливи се и лицата на тинејџерите и МВР може да ги идентификува и да постапи согласно закон, вели во изјава за Инфомакс градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
– Не е една снимка, повеќе снимки се и на овие снимки видливи се лицата, МВР можат да ги идентификуваат. Повикот е да се подигне свеста прво кај родителите, а потоа кај децата за да се заштити јавното добро. Тие средства заради дивеење на некои деликвенти што уништуваат јавен имот и кој константно се поправа можат да се користат за попаметни намени, за нови училишта, опремување и слично, не за поправка на реквизити поради нечие дивеење, вели Герасимовски.
Како што објасни градоначалникот Општината е во процес на набавка на безбедносни системи за следење на ваквите локации, со што ќе можат да се утврдат деликвентите кои оштетуваат јавен имот.
– Имаме доставено преку ребаланс на Буџетот, средства за поставување на безбедносни системи низ општината, подготвени се правилници согласно закон, да се заштитат личните податоци на лицата, но да можат и да се откријат сторителите. За кратко ќе биде објавена јавната набавка за овие безбедносни системи, открива Герасимовски. Тој посочи дека од Општината имале средба со началникот на СВР Скопје каде се разговарало з аповеќе теми.
– Имавме средба со началникот на СВР Скопје и покрај дискусиите за неправилно паркирање на возила, гласна музика, деликвентно уништување, меѓу другото информиравме и за овие снимки денеска што се објавени. Од денеска почнуваме и повеќечасовно работење на пајак-службата, во соработка со МВР, да има и повеќе акции и замоливме поголемо полициско присуство да има на одредени локации кадешто навечер има поголема фреквенција на луѓе за да не се случуваат вакви работи, вели Герасимовски.
Доколку ова не го реши проблемот, Герасимовски посочи дека на барање на ЗЕЛС или пратеничката група на СДСМ ќе има и предлог за законски измени за зголемување на казните за уништување на јавниот имот бидејќи ваквото константно дивеење на деликвентите предизвикува огромни штети по буџетот не само на Општина Центар, туку и на останатите општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…
Тепачка кај нотар во Центар за наследство
Две лица се степале во нотарска канцеларија…
„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…
Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…