Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“.
На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, планираното затворање на сообраќајот во Дебар Маало и друго.
„Високо ги ценам и почитувам моите противници во изборниот процес. Уште на предизборните дебати јавно потенцирав дека секој нивен предлог и иницијатива ќе бидат добредојдени. Нивните искуства со кои влегоа во трката, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, го кренаа нивото и квалитетот на целиот изборен процес. Се надевам дека ќе продолжиме со блиска соработка и во иднина,“ рече Герасимовски.
На средбата беше договорено ваквите состаноци да продолжат и понатаму, со цел развивање на заеднички иницијативи во интерес на жителите на Центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска…
Герасимовски: Повторно го чистиме сметот на градот,…
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека пет дена…
Герасимовски со засилена акција за чистење на…
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави…
Герасимовски прогласи победа во Центар
Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски…
Среде Центар натепана 84-годишна скопјанка
Од СВР Скопје информирааат дека вчера околу…