Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео и фотографии информира дека на само една недела пред изборите одредени партиски структури спроведуваат кампања со намерно оставање на смет покрај празни контејнери, а целта е да се прикаже лажна слика дека општината не работи и дека општинските служби не ја одржуваат хигиената.
„Ова е врв на црната кампања. Намерно се остава отпадот надвор, покрај празните контејнери, за да се создаде впечаток дека општината не чисти. Но, нашите хигиеничари се на терен, и денес, и во недела, сите изминати четири години за да не дозволиме оваа црна кампања да им пројде“, вели Герасимовски.
Ги повика сите жители на Општина Центар и сите граѓани да им се придружат во акцијата за расчистување на ѓубрето, која ќе почне утре во 13 часот.
Тој додаде дека општинските служби сите овие изминати години покажале континуирана посветеност кон хигиената и уредноста на Центар, и дека ваквите обиди за дискредитација нема да ја нарушат довербата на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку…
Среде Центар натепана 84-годишна скопјанка
Од СВР Скопје информирааат дека вчера околу…
Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…
Министерството за животна средина и просторно планирање…
Хирургот Александар Савевски ќе биде носител на…
Докторот Алекдандар Алек Савевски ќе ја носи советничката…
Центарот на Скопје ќе стане пешачка и…
„Време е на Скопје да му го…