Герасимовски: Сто и дваесет хигиеничари деноноќно работат поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во телевизиско гостување информираше дека во делот на хигиената и чистењето на сметот од улиците иницирал да се преземат обврските од Град Скопје и секоја општина да оформи свое комунално претпријатие за да нема депонии.
– Проблемот со отпадот е најголем во градот Скопје, се бориме заедно со другите градоначалници. Иницирав ние да ги преземеме обврските од Град Скопје и да го преземеме јавното претпријатие „Комунална хигиена“, секоја општина да си оформи свое комунално претпријатие, кое ќе го подигне нивото во општината, ќе нема смет во општините. Ние имаме дополнителна опрема, а планирани се и две нови цистерни и пет метларки. Имаме 120 хигиеничари, кои деноноќно работат за да ја подигнат хигиената на највисоко ниво. Во моментов се поставени, но и континуирано поставуваме нови контејнери за кабаст отпад во Општината – рече Герасимовски.
Toj, тимот советници и хигиеничарите во саботата ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево.
– Не само што секојдневно чистиме по улиците и околу контејнерите, ние сме и во Крњево за да ги исчистиме и дивите депонии. Заедно со нашиот тим, ќе ни бидат потребни неколку дена за целосно да го расчистиме просторот. Продолжуваме и понатаму посветено да се грижиме за хигиената во Општина Центар, тоа е наш приоритет- рече Герасимовски.
Тој ги повика граѓаните да се подигне свеста на повисоко ниво и да се почитува начинот на кој се фрла отпадот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Сто и дваесет хигиеничари деноноќно работат…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
ИДФ: Околу 900.000 Палестинци евакуирани од градот…
Според проценките на израелската армија, околу 900.000…
СДСМ: Во кое својство и зошто токму…
Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода…
Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот,…
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар…
Две лица од Брвеница осомничени за илегална…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…