Герасимовски: Ја исчистивме депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет!

t

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и вредните хигиеничари денеска спроведоа голема акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.

Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.

„Ја исчистивме депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет! Заедно со нашите тимови, со хигиеничарите, со сите вработени денеска спроведовме голема акција за чистење на оваа депонија кај полигонот под Кале. Деноноќно сме на терен, во сите населби. Изнајмивме и дополнителна механизација за целиот смет што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна. Ја подигнуваме хигиената на што повисоко ниво.“ – пишува во објавата на Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Ја исчистивме депонијата под Кале, не…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно…

Директор на училиште со закани ги терал…

Директор на основно училиште преку мобилна апликација…

Фон дер Лајен најави фабрики за вештачка…

Европската комисија (ЕК) денеска најави проширување на…

Дискотеката Пулс зема уште еден живот: Почина…

Главниот инспектор за сообраќај во Кочамо Владо…

Трамп во Кнесет: По Газа, ќе се…

За време на својот говор пред израелскиот…