Германец ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Македонија и Фарски Острови во Скопје
По вчерашната победа против Летонија веќе в недела Македонија ја очекува и последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации во кој ќе играме против селекцијата на Фарски Острови, исто така на домашен терен.
За овој судија УЕФА одреди Германец за главен судија. На центарот во Скопје ќе биде Даниел Шлагер кој важи за еден од подобрите германски судии.
Шлагер сезонава делеше правда и на четири натпревари во Бундеслигата, а исто така го судеше и натпреварот помеѓу Челси и Гент во Конференциската лига.
На теренот негови помошници ќе бидат Рафаел Фолтин и Свен Вашхисти, додека со ВАР собата ќе раководат Даниел Зибер и Рием Хусеин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…