Објавено на:

Германија бара од Кина да го убеди Путин да ја прекине војната во Украина

t

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска го повика својот кинески колега Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја прекине руската офанзива врз Украина.

„Денеска Штајнмаер имаше телефонски разговор со својот кинески колега Си Џинпинг. Германскиот претседател го подвлече заедничкиот интерес на Кина и на Европа за ставање крај на војната. Тој побара од Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз Русија и да му ја пренесе таа позиција на Путин”, соопшти германското претседателство.

Во разговорот што траел околу еден час Штајнмаер и Си разговарале за билатералните односи и актуелната ситуација во врска со коронавирусот во Кина.

Германскиот претседател му се заблагодарил на Си за неговиот став за отфрлање на нуклеарната закана од Русија. И покрај заладените односи со Пекинг, Европската унија бара поддршка од кинеските власти за окончување на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…