Германија воведува дополнителни даноци за возила на дизел и бензин?

Во Германија е во тек еден вид енергетска транзиција. Велиме „еден вид“ затоа што работите сè уште изгледаат малку хаотично, а во судирот на различни лобија е тешко да се видат контурите на официјалната политика.
Во основа, Федералната влада, наводно, работи на дополнително заострување на даноците за автомобилите со бензински или дизел мотори. За тоа пишува Handelsblatt. Тие планираат да ги „растовараат“ автомобили што штедат гориво, а електричните автомобили може да добијат дури и дополнителен бонус, според „ХАК“.
Износот на данокот на моторните возила е поврзан со емисиите на CO, додека новорегистрираните електрични возила со батерии или водород се ослободени од овој данок во првите десет години. Тие разлики меѓу типовите на погони и вредностите на потрошувачка сега наводно ќе се заострат.
Позадината на размислувањето е веројатно фактот дека новите автомобили што испуштаат штетни емисии за климата ќе бидат забранети од 2035 година во Европската унија. Некои владејачки политичари се спротивставуваат на тие предлози, но повеќето ја поддржуваат новата насока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Германија и требаат 300.000 нови станови…
Бројката од годишната прогноза за потребите за…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…
Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…
Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…