Германија воведува нови мерки и огpaничувања за угостителските објекти

t

Германските власти планираат да ги заострат мерките за борба против пандемијата на коронавирус, што ќе вклучи дополнителни ограничувања на пристапот до угостителските објекти, објавија германските медиуми пред состанокот на претставниците на федералните и провинциските власти.

Посетата на угостителските објекти во иднина треба да биде овозможена само за оние кои се вакцинирани, кои прележале коронавирус или имаат негативен тест, пишуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на учесниците на состанокот.

Досега посетите на ресторани и кафулиња беа можни според т.н. Правило 2Г, односно оние кои имаа сертификат дека се вакцинирани или имале коронавирус. Во исклучителни случаи се применуваше правилото 2Г+ кое вклучуваше задолжителен негативен тест. Сега тој тест може да се замени со потврда за дополнителна вакцинација.

За посета на културни и спортски објекти како и малопродажба, со исклучок на продавници за секојдневни потреби, важи правилото 2Г, односно пристап само за вакцинираните и оние кои го преживеале вирусот.

Претставниците на федералните и провинциските влади сакаат дополнително „експлицитно да препорачаат“ носење маски ФФП2, но тие нема да бидат задолжителни, па сепак е дозволено да се носат т.н. операциски маски. Текстилните маски се уште не се дозволени.

Како што јавуваат германските медиуми, министерот за труд Хубертус Хајл се залага работодавачите секаде каде што е можно да овозможат работа од дома.

Властите во наредните денови планираат уште еднаш да им се обратат на оние кои досега не се вакцинирани за да ги убедат да го сторат тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…

И Германија го повика Иран да разговара…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…