Објавено на:

Германија ги зголемува трошоците за култура и уметност за воспоставување на врска меѓу демократијата и уметностите

t

Новата министерка за култура на Германија, Клаудија Рот, објави буџет за 2022 година од 2,3 милијарди евра. Бројката е зголемување од 148 милиони евра, или 7 отсто, во однос на минатогодишниот буџет, а дополнителните средства ќе бидат распределени на различни цели и организации, особено на оние фокусирани на колонијализмот и на климатските промени.

Рот изјави: „Со буџетот за 2022 година, членовите на Бундестагот конкретно ги зајакнуваат уметноста, културата и медиумите во пресрет на невиденава криза на нашево време… Сега, повеќе од кога било, потребни ни се отворени простори за дискурс и разновидни поттици за размислување обезбедени од уметноста и културата“.

Германија им даде значителна поддршка на уметниците и уметностите за време на пандемијата, и како што работите се рекалибрираат во нова нормала, владата се обидува да ги зајакне креативните индустрии, повеќе од само нивно опстанување, и да им помогне да напредуваат.

„Дополнителните средства ќе ги инвестираме мудро, во проширување на разновиден и одржлив културен сектор, во зајакнување на социјалната позиција на уметниците и воопшто, во иднината на нашата вредна култура на демократија“, додаде Рот.

Меѓу ставките наведени во објавата се 5,1 милиони евра за „мерки против десничарскиот екстремизам и расизам“ и 6,5 милиони евра за справување со тековните ефекти на колонијализмот и владината инвестициска програма „Глобален Југ “.

Климата е централна кауза. На културниот и медиумскиот сектор ќе им бидат доделени 5 милиони евра, и дополнителни 5 милиони евра за да воспостават поклиматски свесни деловни практики.

Германскиот културен буџет постојано расте од 2005 година, а министрите постојано прават паралела помеѓу инвестициите во културата и во демократијата. За таа цел, 1,7 милиони евра ќе бидат наменети за уметнички проекти за комеморација на неодамнешните напади во Германија.

Буџетот додава 60 милиони евра за продолжување на Neustart Kulture, мрежа на програми за поддршка на кина, музеи, театри, места и креативци, до јуни 2023 година. Дополнителни 66 милиони евра се издвоени за зачувување на историските и „културно значајните“ споменици во Германија.

Откако буџетот ќе биде одобрен, тој ќе стапи во сила ретроактивно од 1 јануари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…

ИФО: Редовниот воен рок може да ја…

Темата за враќање на обврската за отслужување…