Објавено на:

Германија досега замрзна руски имот во вредност од 3,9 милијарди евра

t

Во Германија досега е замрзнат руски имот во вредност од 3,9 милијарди евра, соопшти во средата во Берлин Министерството за финансии, а пренесе агенцијата ДПА.

Портпаролката на министерството изјави дека станува збор за пари, акции и други средства, како што се јахти, санкционирани лица, организации и фирми.

Минатиот јуни, владата одговори на барањето дека вредноста на замрзнатите руски средства е 5,2 милијарди евра.

Портпаролката ја објасни разликата како флуктуации на пазарот. На промената влијаеше и фактот што Европската унија во меѓувреме ослободи поединечни лица или организации од санкции.

Канцеларот Олаф Шолц претходно посочи дека заработката, на пример од каматите на депонираните пари, од управувањето со запленетите средства во ЕУ, ќе оди за купување оружје за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…

30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…

Во пакет на DHL пронајден бел прав…

Најмалку 12 лица се повредени откако во…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

На Германија ќе ѝ бидат потребни до…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…