Германија и Австрија ќе ги укинат речиси сите ковид-мерки во март
Германската власт вчера ги соопшти плановите да ги укинат најголемиот дел од рестрикциите поврзани со пандемијата на КОВИД-19 до 20-ти март, одлука која се совпаѓа и со плановите на соседните Австрија и Швајцарија кои сакаат да ги скратат своите ограничувања дури и пред овој датум.
Планот во три чекори доби поддршка од канцеларот Олаф Шолц, како и 16-те државни гувернери откако официјалните податоци покажаа дека инфекциите со коронавирусот започнаа да се намалуваат во Германија.
„Пикот веројатно е веќе достигнат“, изјавил Шолц.
Промената треба да започне со укинување на мерките со кои луѓето беа спречени да посетуваат неесенцијални бизниси без доказ за вакцинација, а ќе се скрати и лимитот на приватни собири на вакцинирани лица.
Со почеток од 4-ти март ќе се опуштат рестрикциите за влез во ресторани и барови, со тоа што ќе биде потребен само негативен тест, наместо како досега – доказ за вакцинација или прележаност на вирусот плус тест или бустер доза од вакцините.
Останатите мерки ќе се укинат на 20-ти март, но Шолц предупреди дека носењето маски и мерките за држење социјална дистанца и понатаму ќе останат на сила.
Инфекциите од новата омикрон варијанта на вирусот во Германија започнаа да растат нешто подоцна од другите европски држави. Надлежните сметаат дека ова е поради рестриктивните мерки кои беа воведени во декември.
Сепак, другите земји, меѓу кои и соседната Данска, побрзо ги укинаа своите рестрикции што предизвика притисок и Германија да ги следи овие чекори. Претходно и Австрија најави дека ќе ги укине речиси сите мерки на 5-ти март, а Швајцарија ќе го стори истото оваа недела.
Во меѓувреме најавената задолжителна вакцинација на сите полнолетни лица во Германија изгледа дека нема да се исполни. Иако Шолц беше за оваа идеја пред добивањето на функцијата во декември, сепак неговата владејачка коалиција е поделена по ова прашање и го остави на одлука на парламентот. Во моментов не се знае кога пратениците ќе гласаат по овој предлог и какво ограничување би добило мнозинска поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ги повика своите граѓани или да…
Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Расте бројот на заболени од Ковид во…
Од 29 јули до 4 август во…
МВР по барање на Австрија го проверува…
Македонската полиција информира дека постапува по барање…
19-годишниот Мухамед по потекло од Македонија пред…
Австриската полиција објави дека еден од уапсените…
Спречена е трагедија, заканата за концертите на…
Заканата од терористички напади на концертите на…