Германија нема да го зголеми бројот на војници во Косово
Германија нема да го зголеми контингентот на Бундесверот во рамките на КФОР и покрај тензичната ситуација на Косово, изјави портпаролот на германското Министерство за одбрана, Михаел Штемпфле, пренесува Кљан Косова.
Одлуката, како што рече, е донесена во консултација со земјите партнери.
Во Косово моментално се стационирани околу 4.500 мировници на КФОР, од кои 71 се членови на Бундесверот, а според мандатот би можеле да бидат испратени до 400 германски војници.
Претходно, Велика Британија и Романија најавија дека ќе испратат дополнителен број војници на Косово како дел од мисијата КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…