Објавено на:

Германија останува најголемиот финансиер на Европската унија

t

Како најголем нето финансиер на Европската унија, Германија обезбедува речиси четвртина од средствата за буџетот. Во исто време, германската влада нагласува дека Германија, исто така, има поголема корист од внатрешниот пазар на ЕУ од која било друга земја-членка, пишува германската новинска агенција „ДПА“.

Германскиот економски институт, кој ги анализирал податоците од Европската комисија дошол до податокот дека претходната година Германија уплатила значително повеќе во буџетот на Европската унија отколку што потрошила од него.

Во 2023 година, Германија уплати околу 17,4 милијарди евра повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добила, што ја прави најголемиот нето-придонесувач. Годината пред тоа дала 19,7 милијарди евра.

На второ место е Франција, која лани плати речиси девет милијарди евра повеќе отколку што повлече од буџетот на ЕУ. На трето место е Италија со нето придонес од околу 4,5 милијарди евра.

Најголем нето-примател во 2023 година – како и претходната година – беше Полска со 8,2 милијарди евра.

Зад неа се Романија со шест милијарди евра и Унгарија со 4,6 милијарди евра.

Кога се гледаат нето плаќањата по глава на жител, проценката покажува дека Ирска е на врвот со 236 евра. Во Германија исплатите изнесуваат 206 евра по жител.

Буџетот на Унијата во 2023 година изнесува 173,1 милијарди евра. Од нив 143,4 милијарди евра беа потрошени за земјите-членки.

Дополнително, имаше средства од европскиот фонд за закрепнување од пандемијата од 66,1 милијарди евра, од кои 64,6 милијарди евра се искористени од членките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…

Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…