Германија подготвува нов пакет помош за Украина од 2,7 милијарди евра
Германската Влада денеска соопшти дека подготвува нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, вклучувајќи и испорака на бројни тенкови, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана.
– Сите ние сакаме брз крај на оваа ужасна војна на Русија против украинскиот народ, но за жал тоа не е на повидок. Затоа Германија ќе ја пружи сета помош што може сè додека тоа е неопходно, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус во соопштение.
Се подготвува испорака на, меѓу другото, дополнителни 30 тенкови А5 Леопард-1, 20 нови оклопни возила од типот Мардер и повеќе од 100 други помали оклопни возила, 200 дронови за набљудување, четири нови системи за противвоздушна одбрана Ирис-Т и нивните платформи за лансирање, бројни ракети за противвоздушна одбрана, 18 пиштоли – хаубици и муниција.
Германската Влада минатата година му додели две милијарди евра воена поддршка на Киев. За годинава досега е планирана помош од 2,2 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…