Германија “по стапките” на Македонија: Огромно поскапување на пелетите и огревното дрво

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.
Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика.
Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.
Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.
Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.
Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.
Според ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќаjот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Германија и требаат 300.000 нови станови…
Бројката од годишната прогноза за потребите за…
(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…
Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…
Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…
Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…
Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…